Никола Јокиќ имаше одлична партија, но Денвер загуби од Минесота со 114-108 во меч со продолжение, Голден стејт израмни на 2-2 против Сакраменто откако славеше со 126-125, гостите имаа шут за победа во последната секунда, но промашија.

Во финишот од мечот Минесота имаше водство од 96-84, тогаш Денвер почна неверојатна серија од 12-0 и го однесе мечот во продолжение. Таму домаќинот сепак беше подобар и дојде до триумф од 114-108. Никола Јокиќ беше најдобар на теренот, постигна 43 поени и имаше 11 скокови, во составот на Минесота, Едвардс реализираше 34 поени. Денвер води со 3-1 во серијата.

Интересен беше дуелот меѓу шампионот Голден стејт и Сакраменто, малку фалеше кралевите да дојдат до брејк. Натпреварот беше неизвесен, двете екипи се менуваа во водство, а посебно драматичен беше крајот. Голден стејт имаше водство од 126-125, последниот напад го имаше Сакраменто, промашија тројка од чиста позиција и шампионот израмни на 2-2 во серијата. Стеф Кари постигна 32 поени, најдобар кај Сакраменто но и на мечот беше Фокс со 38 поени и девет скокови.

Њујорк поведе со 3-1 во серијата против Кливленд откако синоќа со 102-93 славеше во четвртиот дуел. Брансон постигна 29 поени, Барет 26. Најдобар кај Кливленд беше Гарленд со 23 поени.

Бостон направи брејк откако славеше кај Атланта со 129-121 и поведе со 3-1. Браун и Тејтум со по 31 поен беа предводници во триумфот, најдобар кај домаќините беше Тре Јанг со 35 поени.

Резултати: Њујорк – Кливленд 102-93 (3-1), Голден стејт – Сакраменто 126-125 (2-2), Атланта – Бостон 121-129 (1-3), Минесота – Денвер 114-108 (1-3).