Во последно време на TikTok се шири тренд наречен „dump dinner“, што на англиски би значело истурена вечера.
Станува збор за тоа дека семејството вечера на тој начин што наместо да користи чинии и прибор за јадење, целата храна се истура од тенџерињата на маса, која што обично е покриена со алуминиумска или проѕирна фолија. Членовите на семејството седат околу масата и јадат сè од едно купче со раце или вилушки.
Со многу дезинформации кои кружат на интернет, тешко е да се најде поттик за овој вирален тренд, но најмногу се споменува дека лавината на социјалните мрежи настанала или за да се забавуваат децата додека вечераат или за да избегнат родителите да мијат садови.
Некои како објаснување наведуваат дека токму така се хранеле луѓето на Блискиот Исток со векови, но споделувањето на храната што се случува таму нема никаква врска со ова дивјачко расфрлање шпагети со ќофтиња на трпезариските маси.
Ваквото јадење ја навредува храната, сѐ што е поврзано со храната и добрите манири, а овој „тренд“ треба да исчезне кога ќе ја отвориме апликацијата TikTok, коментираат илјадници луѓе под објавите.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]