НОВ НАПАД ВО СТРУГА: Искасана активистка за заштита на уличните кучиња

Date:

Нов напад од улични кучиња се случил во неделата во центарот на Струга, а како што објави порталот Охриднет, овој пат жртва била активистка за заштита на кушињата скитници.

Неформалната активистка за заштита на кучињата скитници од Струга, Нела Стојанова е најновата жртва на напад од агресивни улични кучиња. Денеска околу 17 часот пред мезе бар БараБар во Струга беше нападната 31 годишната девојка. Ја нападнале 6 кучиња скитници. Едното куче ја каснало за ногата нанесувајќи и длабоки рани со крварење, а друго ја искаснало за рака, исто така нанесувајќи и видливи повреди, објави порталот Охриднет.

Девојката, како што пренесува порталот, побара помош од блиски, кои ја однеле во хируршкото одделение во струшката болница каде и биле санирани раните, а потоа била препратена во одделението за имунизација да прими вакцини против тетанус и беснило.

За проблемите со кучињата скитници во Струга, како и во другите градови низ Македонија, пишувавме неодамна. Ставовите се спротивставени, дел од граѓаните бараат решение, а активисти бараат заштита на кучињата. Во Струга се случија повеќе инциденти во неколкуденови, имаше искасани граѓани, како и убиени кучиња за што имаше и пријава од МВР до граѓанин кој ги убавивал со пушка.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Алкалоид замолкна 9.000 Грци и дома ќе игра за титула во ЕХФ Купот!

Македонскиот суперлигаш Алкалоид направи голем подвиг и забележа џиновска...

Моќната Оклахома ја доби „мајсторката“ со Денвер и закажа западно финале со Минесота

Кошаркарите на Денвер Нагетс се елиминирани од плеј-офот на НБА лигата. Тие се сопрени...

Натали Портман објасни зошто сака да живее во Париз, а не во САД

Натали Портман станува реална во врска со нејзиното преселување...

Како изгледаат денес ќерките на Адриана Лима и Марко Јариќ?

Бразилскиот модел се разведе од српскиот кошаркар Марко Јариќ...