Уште еден нов одличен резултат за македонската атлетика донесе Дарио Ивановски од меѓународните натпреварувања.

Овојпат нашиот атлетичар беше второпласиран на меѓународниот митинг во Будимпешта, Унгарија, во трката на 3000 метри.

До целта со време од 07:59.51 минути, што е за една секунда побавно од државниот рекорд кој го има Ивановски.

Ова време е инаку најдобар сезонски резултат за Ивановски, и го става во привилегирана позиција како водечки атлетичар од нашата земја да учествува на Европското првенство во сала (2-5 март 2023 година во Истанбул).

Токму во турскиот град следниот викенд го очекува нов настап каде ќе се обиде да стигне до нова титула балкански шампион на 3000 метри и се закити со јубилејниот 10 медал од балканијадите.