Нов вид отпад му се заканува на светот

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]

На светот му се закануваат предизвици со нов вид отпад – дигиталниот. Постојат големи шанси дигиталниот отпад да стане голем загадувач во следните години, иако повеќето не знаат за што станува збор.

Што е дигитален отпад?

Дигиталниот отпад е нов поим со кој се дефинираат последиците од лошото управување со дигиталните податоци. Со други зборови, тоа е отпад од податоци кој се појавува поради чување многу информации во дигитална форма. Тоа е сето она што го користиме или прикачуваме на интернет без особена причина, како непотребна електронска пошта, апликации или фотографии.

Дигитален отпад – најголем загадувач во иднина

Со зголемената дигитализација се зголемува и количеството на користени податоци. Се предвидува дека до 2025 година дигиталниот отпад ќе стане еден од најголемите загадувачи. Само 20 е-пораки дневно се еднакви на просечно 1.000 километри поминати со автомобил. Едно пребарување на „Гугл“ троши енергија како 17 секунди вклучена светилка од 60 вати.

Доколку се земе предвид дека 90 отсто од онлајн податоците не се користат по три месеци, може да се заклучи дека треба да се најде начин за намалување на влијанието на овој нов проблем.

Како да го намалите дигиталниот отпад?

Експертите препорачуваат да започнете со дигитална чистка во која ќе ја избришете непотребната содржина од телефоните и компјутерите. Освен тоа, се препорачува и одржување на уредите, односно да не се преземаат непотребни документи и податоци во иднина, како и воздржување од испраќање непотребни електронски пораки. Конечно, при пребарувањето поими обидете се да бидете поконкретни за да го намалите времето на пребарување.

[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Бенедикт – доручек со јајца

Потребни состојки:2 јајца2 лепчиња за бургер (или земички)4 парчиња...

Денови на хаос над европското небо поради затворање на Хитроу: Десетици летови се откажани

Патниците ширум светот се подготвуваат за денови на хаос...

Македонија има нов херој: 19-годишниот Јован од Виница спаси над 20 деца во пожарот во Кочани

Тивкиот хероj во големата трагедија. Вака на социјалните мрежи...

Се проширува листата на осомничени, првите пациенти на лекување во странство се очекува да се вратат во понеделник

Активностите на полицијата и на Обвинителството за истрагата за...