Новото ажурирање на популарната апликација носи неколку интересни функции поврзани со приватноста на корисниците.

Со новото ажурирање, „WhatsApp“ сака да ги направи спам повиците помалку досадни, како и да им овозможи на корисниците да изберат оптимални поставки за приватност.

Првата функција, наречена „Silence Unknown Callers“, овозможува повиците да не ѕвонат на телефонот на корисникот, но ќе се појават во списокот со повици (во случај да се работи за важен повик и треба да одговорите на него).

Воведена е уште една функција поврзана со приватноста наречена „Privacy Checkup“.

Со избирање на „Start checkup“ во поставките за приватност, ќе ве води низ различни нивоа на приватност што ја подобруваат безбедноста на пораките, повиците и личните информации.

Овде се достапни опции, како што се „Choose who can contact you“ (Изберете кој може да ве контактира), „ Control your personal info“ (Контролирајте ги вашите лични информации), „ Add more privacy to your chats“ (Додадете поголема приватност на вашите разговори) и „ Add more protection to your account “ (Додадете поголема заштита на вашата сметка).

Има и ново видео кое ги охрабрува корисниците да ги проверат пријателите за чија состојба можеби се загрижени.