Сара Џесика Паркер е легенда и по неколку децении во центарот на вниманието, таа продолжува да биде инспирација за многу жени.

Како дел од кампањата со францускиот бренд за нега на кожа RoC, актерката во интервју за „Вог Париз“ (Vogue Paris) ги споделува своите размислувања за убавината, самодовербата, стареењето…

Запрашана за нејзиниот став за стареењето, Паркер одговори: „Јас навистина не размислувам за мојата возраст, не го гледам тоа како нешто за кое треба да се грижам.“

„Не знам дали е тоа негирање или дека едноставно не сакам да се соочам со реалноста!“

„Не гледам смисла да се обидувам да го застанам времето. Секако, се грижам за мојот изглед и сакам да изгледам репрезентативно кога е прикладно. Но, во секој случај, навистина не можам да направам многу за тоа што мислат луѓето за мојот изглед.“

„Како се чувствувам кога носам фустан., тоа е она што е важно,“ вели актерката. „Се облекувам на начин што ме прави да се чувствувам добро и се надевам дека мојот стил е интересен и за луѓето.“

Ѕвездата на култната серија „Сексот и градот“ и новото поглавје „И едноставно така“, изрази фрустрација поради реакциите што ги добива за нејзините брчки или бела коса како жена, во споредба со целосниот недостаток реакции што ги добиваат мажите.

„Навистина не можам да бидам личност каква што другите очекуваат да бидам.“

Паркер е благодарна и за лекциите што ги научила во своите 57 години.

„Не можам да кажам дека се чувствувам подобро во моето тело, порано можев да поминам два часа на снимање, а колената и стапалата да не ме болат“, откри таа.

„Но, во мојата глава, апсолутно се чувствувам 100 проценти подобро. Со текот на времето, ги акумулираш сите искуства, знаење и информации, правиш грешки и учиш. Колку повеќе учиш, толку подобро знаеш како да реагираш и да се справиш со предизвици, проблеми или разочарувања.“