Можете ли да го замислите вашето прекрасно, прво утринско кафе со парчиња сирење или комбинација од бибер и цимет? На овие и на други изненадувачки начини многу луѓе уживаат во омилениот пијалак од кафе.

Ритуалот на пиење кафе ширум светот е поврзан со релаксација или мир со пријателски разговор. А, се пие насекаде, практично во целиот свет. Сепак, подготовката на кафето, состојките, како и начинот на консумирање, е нешто сосема друго и варира од земја до земја.

Финска

Кафеост се подготвува на следниов начин: Топло кафе се прелива преку коцки сирење. Иако ова ни изгледа прилично непривлечно, Финците ја обужуваат оваа чудна комбинација.

Турција

Турското кафе ни е добро познато, единствената разлика во однос на она што го пиеме е специфичното метално ѓезве во кое се вари, а Турците веруваат дека му дава посебен вкус. Иако за нас ова претставува е вообичаен метод на варење и пиење кафе, за остатокот од светот е прилично туѓо и изненадувачко, бидејќи талогот останува во шолјата. Имено, остатокот од Европа пие исклучиво филтрирано кафе.

Малезија

Кафето во Малезија се вика јуанјуан и всушност е само еден дел кафе, а другиот мешавина од црн чај и млеко. Исто така, се служи топло или ладно, во зависност од вашето расположение.

Австралија

Најпопуларното кафе на овој далечен континент е она наречено flat white, што е еден вид популарно кафе лате, а уште повеќе наликува на капучиното кое се служи овде. Во шолјата се истура една доза еспресо, а потоа до врвот се истура густа млечна пена.

Италија

Иако повеќето од нас се запознаени со начинот на пиење кафе, т.е. еспресо во Италија, кое се консумира на нога во една или две голтки, повеќето луѓе не знаат дека ова еспресо се служи со парче лимон. Откако ќе се напиете еспресо, послужете си се со лимон, за кој Италијанците веруваат дека по горчливиот вкус на кафето остава сладок вкус во устата, а овој пијалак се нарекува еспресо романо (espresso romano).

Мексико

Подготвено со цимет, традиционалното мексиканско кафе се служи во глинена шолја со нерафиниран шеќер, наречено кафе де оља (Café de Olla).

Сенегал

Пијалакот се зачинува со бибер и се служи со каранфилче. Овие зачини се мелат и се варат заедно со кафето, а потоа се служат истурени низ филтер.

Бразил

Многумина сметаат дека каипирињата е традиционален бразилски пијалак, но кафезињуто е далеку попопуларен пијалак меѓу локалното население. Слично на еспресото, кафезињуто е всушност мала доза филтрирано силно кафе. Единствената разлика е што овој пијалак е претходно засладен бидејќи шеќерот се меле заедно со зрната кафе.

Ирска

Едно од најраспространетите кафиња во светот се состои од топло еспресо, шеќер и виски, а на крајот се додава кремаст, млечен шлаг.

Мароко

Црното кафе во Мароко се подготвува заедно со кардамон, цимет, каранфилче и бибер.