Неколку илјади граѓани се собраа на протест во Скопје пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ против законите за родова еднаквост и законот за матична евиденција, во организација на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
Протестот започна со молитвата „Оче наш“, а некои од граѓаните носеа транспаренти како „Биологија, а не идеологија“ и „Родот не е флуиден, маж е маж, жена е жена, а децата се невини“.
На протестот се обрати поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан. Тој истакна дека „денес светот го окупира нова идеолошка пропаганда на која и во нашето општество и го гледаме вистинското лице“, и додаде се подметнува поимот род кој е свесно избран, велејќи дека „има убав контекст, но во намерите на новите теоретичари и идеолози не носи ништо добро“.
Во првите редови е г.г. Стефан заедно со повеќе владици, католичкиот бискуп Киро Стојанов, академик Катица Ќулавкова. Г.г. Стефан посочи дека ги знае плановите, намерите и желбите на организации и движења. За нив рече: „тие зајакнаа во нашето општество, што некои од нив навлегоа во државните институции па и закони ни пишуваат. Закони како оние два несреќни – за родова еднаквост и матична евиденција. Тие не целат само да ја секуларизираат црквата туку и да ја присилат да зборува и да се изразува со јазикот кој е туѓ на словото и духот на постолите и Еваглеие“.
„Чедата на МПЦ, собрани со претставници на сите цркви и верски заедници, еве нѐ, за да му кажеме да на животот, за да ја возгласиме светоста на семејство оформено од еден маж и една жена, за да кажеме дека ќе ги браниме нашите најмили од неприфатливи и нагрдувачки нови идеологии. Собрани сме за радосно да го покажеме нашето прегрнување на сиот свет како Божјо творение и да кажеме дека Црквата не протестира против личност и не отфрла никого. Нејзиното постоење не е бунт против човек, туку против злото, гревот и смртта во кои за жал пред нашите очи запаѓа светот. Единствена цел на Црквата е да го љуби овој свет“, кажа г.г. Стефан.
Тој додаде дека кога ненаметливо ќе кажат нешто, се обидувале да ги замолчат со промена на тези за секуларниот односно светиот карактер на државата. Посочи дека неизвесноста на децата е разбирлива поради овие два закони.
„Не се чудиме кога светот од своја страна не ја прима црквата туку ја отфрла како нешто туѓо. ‘Не само што не се чудиме, туку и не се грижиме знаејќи дека самиот Христос рекол: да бевте од овој свет, тогаш светот ќе го љубеше своето, но бидејќи не сте од светот туку јас ве избрав од светот, затоа и светот ве мрази’. Затоа не треба да не плашат бурите кога ќе се разбранува овој свет“, кажа г.г. Скопје.
Во својот говор се осврна на историјата на црквата.
Неколку илјади граѓани на протестен собир во Скопје против законите за родова еднаквост и за матична евиденција
