Најнехуман тип на кражба е, полошо е само кога има војни и концентрациони логори, вели Пановски за скандалот на Онкологија

Date:

По отворената предистражната постапка на Обвинителството по серијата написи дека онколошката терапија наменета за пациенти на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија се препродавала на црниот пазар, докторот Никола Пановски во утринската емисија за Телевизија 24 вели дека тешко ќе биде да се докаже како, односно дали биле користени скапите ампули.

„Најнехуман тип на кражба е, полошо е само кога има војни и концентрациони логори. Дури и Менгеле во своите експерименти може направил нешто за цивилизацијата. Каде завршила една ампула од 4.000 евра тешко може да се открие, треба да се открие зошто е тргнат системот. После овој притисок претпоставувам дека никој не се плаши да каже од вработените, да бидат вклучени како заштитен сведок. Не е лесна постапката гледано од страна“, смета професорот.

Микробиологот упати и критики до власта дека на раководни позиции поставува „без’рбетници“ и од таму произлегува резултатот што сега го гледаме.

„Да пишуваат за вас со години и да не седнете на стручен колегиум, да речете аман луѓе дајте да излеземе да видиме. Ова се пишува, они си молчат, еден директор, втор, трет, не знам како не им е срам да седат и молчат.

Оваа власт пред седум години рече дека ќе го спои Клиничкиот центар, набавките и контролата ќе одеа на друг начин, а покрај тоа се ставаат директори кои пола од колективот не ги знае, што не се од таа специјалност. Директор може да биде само ако има доверба кај вработените. Директорката повеќето ја гледаат првпат, таа е в.д., не викам дека е лоша, но 99 отсто на пример во социјализмот во 80-тите беа поставувани под критериум стручност, да биде најпознат, најстар, со најголем авторитет. Не може да го ставите 20-тиот“, додаде Пановски.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ПФМЛ: Силекс и Работнички се израмнија со Шкендија!

Eкипата на Силекс во денешните натпревари од 18. коло...

Норис победи во Абу Даби, Мекларен ја освои титулата за конструктори!

Ландо Норис победи на последната трка оваа сезона во...

Атлетиката доби нова ѕвезда, 16-годишниот Гоут урна рекорд на Болт

Гоут Гоут, австралиски тинејџер кој има само 16 години,...

Што најмногу се слушаше на Spotify во 2024 година?

Spotify ги објави своите годишни листи на најслушани артисти,...