НАЈДОБРАТА РАКИЈА ВО СВЕТОТ ЈА ПРАВИ МАКЕДОНЕЦ

Date:

Ракијата Бараба на српската дестилерија „Подрум Палиќ“ е прогласена за најдобрата ракија во светот на меѓународен натпревар во Лондон, а технологот кој ја произведува е штипјанецот Александар Рунчев. Што би се рекло, српски бренд, ама македонски марифет

На International Wine and Spirits Contest, еден од најпрестижните натпревари во светот за алкохолни пијалаци кој се одржува во Лондон, годинава учествуваа 98 земји со повеќе од 4100 примероци. Пијалаците ги оценуваа 120 експерти.

Меѓу нив и српската дестилерија Подрум Палиќ 1896 од Србија, чиј технолог за производство на јаки алкохолни пијалаци е штипјанецот Александар Рунчев. Дестилеријата учествувала со комплетната линија „Baraba“ и Podrum Palić Vinjak. Сите 6 ракии добиле награди, а „Baraba Lozovaća“ добила злато со 99 поени, награда Outstanding Gold и трофеј за најдобра ракија во светот од својата категорија. Вкусот на ракијата е опишан како „овошен со заоблени вкусови на сочни јагоди, ананас, свежи кајсии, вкусни мандарини и мирисна москато нота на грозје, со великодушно долга цветна завршница. Едноставно магична“.

Сензорното оценување вклучува оценување на основните карактеристики: боја, бистрина, типичност, мирис и вкус, а мерен инструмент е човекот.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ПМФЛ: Гостивар го урна шампионот Струга, Шкендија триумфираше над Вардар

Денеска продолжија возбудувањата во Првата македонска фудбалска лига со...

Мекалинг е најдобар забивач, Хироу е најпрецизен тројкаш на Ол-стар викендот

Кошаркарот на Орланд Мек Мекланг испиша историја во Сан...

Што се случува со Џастин Бибер? Пејачот се прошета по бањарка, изледа неуредно и депресивно

Познатиот канадски пејач Џастин Бибер (30) повторно предизвика загриженост во јавноста...

Кевин Спејси повторно тужен за сексуално злоставување

Холивудскиот актер Кевин Спејси се соочува со уште една тужба за сексуално...