Најголемиот дел од нашите тенисери уште на стартот го завршија настапот на фјучрсот во Скопје

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]

Стартуваше официјалниот дел од фјучрсот во Скопје кој се игра за награден фонд од 25.000 долари, голем дел од македонските тенисери го завршија настапот.

Се играа и неколку финалиња од квалификациите, во едно од нив настапи Стефан Мицов кој загуби со 2-0 од Романецот, Нини Габриел Дица. Противникот ги доби сетовите со 6-4 и 6-0.

Во првото коло денеска настапи само Шендрит Деари кој го предаде мечот против Босанецот Мирза Башиќ во третиот сет. Башиќ го доби првиот сет со 6-1, во вториот Деари беше подобар со 6-4, а во третиот решавачки Босанецот водеше со 3-0 кога Македонецот реши да прекине поради повреда.

Дури четири двојки составени од македонски тенисери го завршија настапот на турнирот.

Понатаму помина само Обрад Марковски кој со својот партнер од Хрватска, Вито Тонејц беа подобри од белгиската двојка Тибо Колсон и Кристофер Хејман со 2-1 (7-5, 1-6, 10-5) во сетови.

Берк Бугариќ и Калин Ивановски беа елиминирани од вторите носители, Саша Вајенбург и Антоан Оанг од Франција. Французите победија со 2-1 во сетови. Нашите го добија првиот сет со 7-6 (7-5), во вториот имавме три меч топки кои не ги искористивме, Французите ја искористија петтата сет топка и со 14-12 го добија тајбрејкот. Во решавачкиот трет сет Французите беа подобри со 10-7.

Бесир Дургути и Томислав Јотовски беа поразни од Британците, Рајан Голворти и Џејмс Маккинлеј со 6-2 и 6-4.

Амар Хусеиновиќ и Филип Стојановски беа поразени од грчките тенисери Христот Антонопулос и Јоанис Ксилас со 2-1. Првиот сет го добија нашите тенисери со 7-6, вториот им припадна на Грците со 6-3, третиот го добија со 13-11.

Елиминација забележаа и Елдин Хусеиновиќ и Марко Столиковски кои беа поразени од двојка составена од грчкиот тенисер Стефанос Скинас и Чилеанецот Ханс Алберт. Беше 2-0 за противниците, 7-6 и 6-3.

Денес во сингл конкуренција како дел од првото коло ќе играат повеќе македонски тенисери меѓу кои и Калин Ивановски кој е четврти носител на турнирот.

[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Свинско филе со смокви и балсамико глазура

Ова свинско филе подготвено со смокви и глазура од...

Песков: Украина може да влезе во ЕУ, но не и во НАТО

Кремљ денеска објави дека суверено право на Украина е...

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ продаден во голем број земји ќе се прикажува и во Австралија

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ во режија на Георги Унковски...

60 отсто од граѓаните го поддржуваат процесот на зачленување на Македонија во ЕУ

Над 60 проценти од граѓаните на Македонија продолжуваат со...