Најбогатиот човек не прашува колку чини луксузот, само за да ја задоволи неа – која е Лорен Санчез?

Date:

Еден од најбогатите луѓе на светот, Џеф Безос и неговата партнерка веќе со денови уживаат на неговата нова јахта вредна 500 милиони долари, како и во убавините на морето и летото. Светските медиуми неодамна ја пренесоа веста дека мултимилијардерот ја запросил својата девојка поради која наводно ја напуштил својата сопруга.

Освен што е вереница на славниот богаташ, Лорен Санчез внимание привлекува и со својот изглед. На фотографиите кои можеме да ги видиме последниов период, се гледа како парот ужива на јахта и во сиот луксуз којшто го поседуваат.

Поради тоа многумина велат дека Лорен е среќничка поради тоа што го „уловила“ згодниот маж којшто е и многу моќен и богат.

Откако се развел и почнал јавно да излегува со својата некогашна љубовница, Џеф Безос целосно се променил. Почнал да вложува во својот изглед, а покрај теретаната многумина сметаат дека направил и естетски зафати за подмладување на лицето.

Ја напуштил сопругата и лудо се вљубил

Кога во 2019 година Џеф Безос објави дека се разведува по 26 години брак од сопругата Мекензи, јавноста остана во шок.

Само неколку часа подоцна, странските медиуми веќе почнаа да пишуваат за новата жена во животот на Безос која наводно пресудила за неговиот брак. Станувало збор токму за Лорен Санчез, некогашна водителка на временска прогноза на телевизија „Fox“.

Дополнителна прашина околу сè крена информацијата дека Лорен тогаш наводно сè уште била во брак со Патрик Вајтсел којшто ги запознал, а бил и близок пријател со Безос. Откако Безос објави дека се разведува и Лорен стави точка на својот брак.

Како што и самиот признал, Џеф лудо се вљубил во Лорен и тоа не можел повеќе да го крие, па одлучил да побара развод.

Безос својата слобода и можност да ужива во љубовта со Лорен скапо ја платил, разводот го чинел 38,3 милијарди долари, но и 19,7 милиони акции во „Амазон“.

Се докажало дека Џеф и Лорен со години тајно се гледале, зад грбот на своите поранешни партнери, а како пар првпат во јавноста се претставиле на Вимблдон во 2019 година. Се зборува и дека токму нејзиниот сопруг им дал карти за тој натпревар.

После тоа тие не се одделувале, а Лорен го добила прекарот „крадец на сопрузи“. Иако јавноста никогаш не ѝ беше наклонета и била убедена дека таа е со Џеф само поради неговите пари, медиумите забележуваат дека тие двајца изгледаат навистина заљубено како првиот ден.

Која е Лорен Санчез?

Од тој момент сите одеднаш сакале да знаат сè за жената која е „вредна“ милијарда долари.

Лорен е 53-годишна жена која има три деца од бракот и претходните врски. Кариерата ја започнала како асистент на „KCOP-TV“ во Лос Анџелес. Исто така била домаќин и известувач за „KTVK-TV“ во „Sports Net“ каде добила номинација и за „Emmy“.

Лорен во 2016 година ја основала компанијата „Black Ops Aviation“, првата производна компанија во женска сопственост. Компанијата се залага за уредување на видеа од воздух и многу медиумски моќници како „Amazon“, „Netflix“ и „Fox“.

Истата година Санчез добила пилотска дозвола, знае да лета со авион и хеликоптер. Според Лорен, нејзиното интересирање за воздухопловство започнало рано благодарение на нејзиниот татко, инструктор по летање и механичар.

Се забележува дека летањето ѝ носи вистински мир и спокој, а моментално е вклучена во филмски и ТВ проекти кои ѝ  овозможуваат да ги користи своите вештини како лиценциран пилот на авион и хеликоптер.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Песков: Украина може да влезе во ЕУ, но не и во НАТО

Кремљ денеска објави дека суверено право на Украина е...

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ продаден во голем број земји ќе се прикажува и во Австралија

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ во режија на Георги Унковски...

60 отсто од граѓаните го поддржуваат процесот на зачленување на Македонија во ЕУ

Над 60 проценти од граѓаните на Македонија продолжуваат со...

Ангелов: Ниту еден бранител не е опфатен со Законот за бранители

Лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов истакна предлог-законот за бранителите...