Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа заедно со Алена Фомина изборија пласман во полуфиналето на ИТФ фјучерсот вреден 60.000 долари во Хешинген, Германија.
По елиминацијата во осминафиналето во сингл, македонско-руската комбинација во игра на двојки славеше во четвртфиналето над Михаела Бајерлова (Чешка) и Анастасија Золотарева (Русија) со 2-0, во сетови 6-2 и 6-3, по еден час игра на теренот број три.
Магдалена Стоилковска, пак, го заврши настапот на фјучрсот во Савитаипале, Финска, по поразот од Маргарита Игнатјева од Летонија со 2-0 во сетови (6-3, 6-4).
Горазд Србљак во Нови Сад загуби од четвртиот носител Флоран Бакс од Франција.