Меѓународен тим од експерти го „оживеа“ ликот на египетскиот фараон Тутанкамон, кој според научниците повеќе личи на „млад студент“ отколку на владетел, пишува „Daily Mail“.
Научници од Австралија со помош на дигитален модел го реконструирале лицето на Тутанкамон од неговиот мумифициран череп.
Реконструкцијата го откри младешкото и живо лице на фараонот кој умрел како тинејџер пред повеќе од 3.000 години.
Бразилскиот графички експерт Цицеро Мораеш, кој е коавтор на студијата, рекол дека Тутанкамон му изгледа како млад човек со нежни црти.
„Гледајќи го него, повеќе гледаме млад студент отколку политичар со целосна одговорност, што ја прави неговата историска личност уште поинтересна“, вели Мораеш.
Гробот на славното момче крал бил откриен заедно со неговите останки и сите вредни предмети, кои ги пронашол британскиот археолог Хауард Картер во 1922 година во египетската Долина на кралевите.
Ова не е првпат научниците да се обидат да го реконструираат лицето на младиот фараон, како што веќе беше направено во 2005 година, а Мајкл Хабихт, египтолог и археолог од Универзитетот Флиндерс во Австралија, кој е коавтор на студијата, рекол дека има многу сличности меѓу двете реконструкции .