Над 40% од жените во Македонија трпат насилство

Date:

Над 40% од жените во Македонија претрпеле некаков вид на насилство, а најчесто е застапено физичкото. Ова беше кажано денеска на конференција со порака има живот без насилство по повод Светскиот ден на населението.

И денеска во 21 век родовото базирано насилство се уште не е искоренето. Тоа постои и во нашата држава и насекаде во Светот. Важна е заштитата и превенцијата од родово базирано насилство затоа што родовата нееднаквост значи ограничување на потецијалот на секоја втора личност на планетата, рече Афродита Шаља, шефица на Канцеларијата на УНФПА во Скопје.

-Родовата нееднаквост ги остава жените и девојчињата надвор од училиштата, надвор од работната сила, оневозможува да се образуваат колку што треба и сакаат и од лидерските позиции. Тоа ја ограничува нивната способност и моќ да донесуваат одлуки за своето здравје и репродуктивен живот. Светскиот ден на населението е потсетник дека во свет со осум милијарди луѓе можеме да постигнеме просперитетна, мирна и одржлива иднина за секого, вели рече Афродита Шаља, шефица на Канцеларијата на УНФПА во Скопје.

Пред две години е донесен Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство кој е целосно усогласен со одредбите од Истанбулската конвенција. Целта е да биде проширен системот на превенција и заштита на сите облици на родово базирано и семејно насилство. Преку заедничка работа до заштита и превенција од родово базирано насилство.

-Нашата цел не е само да обезбедиме привремен одмор од насилството, туку да изградиме иднина во која насилството е незамислив концепт. Тоа бара напори на институциите, граѓанското општество, приватниот сектор и поединци, како секој од нас овде. Наша обврска е да создадеме услови во кои жртвите се заштитени, а сторителите повикани на одговорност. Превенцијата мора да стане основен дел од колективната свест, вели Елизабета Ѓорѓиевска, сопруга на Претседателот на Република Македонија.

За жртвите на семејно насилство постојано е достапна Националната бесплатна мобилна СОС линија 141 700. Случаите можат да ги пријават во најблиската полициска станица или до надлежниот Центар за социјална работа.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ETHNIC ORGANIZATION OF THE MACEDONIANS IN USA AND CANADA BETWEEN THE TWO WORLD WARS (10)

PART OF THE BOOK “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” BY SLAVÉ...

УНГАРИЈА ЗАПЛЕНИ УКРАИНСКИ КОМБИЊА СО 80 МИЛИОНИ ДОЛАРИ И ЗЛАТО, УКРАИНА ЈА ОБВИНИ ЗА КИДНАПИРАЊЕ

Унгарските даночни власти кажаа дека уапсиле седуммина Украинци и...

ЕСЧП ја прифати жалбата на Апасиев против Џафери за одбиеното барање за референдум за „францускиот предлог“

Политичката партија Левица денеска соопшти дека Европскиот суд за...