Немирниот ум и вознемирените емоции често не ни дозволуваат реално да ја согледаме ситуацијата и наместо да реагираме на околностите, ние најчесто само реагираме. Смирениот ум и емоциите, од друга страна, ни овозможуваат да дојдеме до подобри решенија доколку се случат предизвици, но и да ги погледнеме тие околности од друга перспектива.

Добро е да се потсетиме на овие 10 мудри изреки, кои можат да ни помогнат да го вратиме мирот, присебноста и ведриот дух.

  1. „Спокојниот живот не значи отсуство на бури, туку мир во срцето на бурата“. непознат автор
    2. „Мудрите луѓе не осудуваат – тие се обидуваат да разберат“. Веи Ву Веи
    3. „Кога ќе сфатиш дека ништо не недостасува, целиот свет ти припаѓа тебе“. Лао Це
    4. „Опушти се и биди љубезен кон другите; не мора ништо да докажувате“. Џек Керуак
    5. „Да бараш значи да страдаш, да не бараш ништо е блаженство“. Бодидарма
    6. „Опуштете се. Ништо не е под ваша контрола“. Ади Да
    7. „Сè што ви се случува е еден вид инструкција ако внимавате“. Роберт Грин
    8. „Колку помалку се обидувате да ги импресионирате другите, толку ќе бидете помирни“. Максим Лагас
    9. „Вештината на набљудување без просудување е највисоката форма на интелигенција“. Џиду Кришнамурти
    10. „Во срцето на хаосот лежи и можноста“. Сун Цу