Актерката Емра Куртишова која публиката ја запозна и засака како Исаура од серијата „Преспав“ се омажи за нејзиниот партнер и колега, Петар Стојанов.
Таа ја сподели радоста, преку Инстаграм објава и се пофали дека стапила во брак со актерот Стојанов.

„Мој си е, си го земав“, напиша Емра под свадбената фотографија.

Инаку, кон крајот на минатата година Петар ја запроси својата избраничка Емра. Парот е веќе неколку години во врска. Двајцата работат како актери во „Театар за деца и младинци“ во Скопје.