„Можам барем малку да танцувам“: Мадона закрепнува по излегувањето од болница

Date:

Американската пејачка Мадона пред еден месец беше хоспитализирана поради влошена здравствена состојба, како последица на сериозна бактериска инфекција.

По излегувањето од болница, „кралицата на поп-музиката“ сега закрепнува во домашни услови. Мадона е прилично активна на социјалните медиуми, па вчера објави видео на кое танцува и им покажа на обожавателите дека се чувствува добро.

„Се чувствувам како најсреќната ѕвезда на светот бидејќи можам да го движам телото и барем малку да танцувам. Им благодарам на сите мои фанови и пријатели. Вие сте моите среќни ѕвезди“, напиша таа во описот на објавата, додавајќи дека вчера ја прославила 40-годишнината од објавувањето на нејзиниот прв студиски албум „Madonna“ (1983).

Како потсетување, Мадона беше хоспитализирана кон крајот на минатиот месец, а нејзиниот долгогодишен менаџер Гај Осеари ја потврди веста дека причината за неколкудневниот престој во болница била „сериозна бактериска инфекција“.

Ова доведе до одложување на првиот дел од нејзината претстојна концертна турнеја „Celebration“. Турнејата требаше да почне на 15 јули, со концерт во Ванкувер, Канада. Сѐ уште не се објавени новите датуми на кои ќе се одржат одложените концерти во Канада и САД.

Но, Мадона ќе го одржи европскиот дел од турнејата, кој ќе почне на 14 октомври, со четири последователни концерти во Лондон, Англија. Потоа пејачката ќе настапи и во Белгија, Данска, Шведска, Шпанија, Португалија, Франција, Германија, Италија и Холандија. Овој дел од турнејата ќе го заврши со уште два концерти во Лондон – на 5 и 6 декември.

Од 13 декември годинава до 30 јануари следната година, Мадона ќе одржи повеќе концерти пред американската и мексиканската публика.

Мадона турнеја

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

МЗТ го доби дербито со ТФТ и остана перфектен во Суперлигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје продолжуваат со сигурни настапи на...

Полицијата апси членови на Торцида, странските медиуми згрозени од Торцида и нацизмот во Сплит

Хрватската полиција денеска во Сплит уапсила неколку лица кои...

Аделаида под притисок: Градските власти се спротивставуваат на новата улична патека за MotoGP

Австралиското ГП во MotoGP се соочува со неизвесна иднина,...

Без „Старлинк“ и без ЦИА Украина се соочува со воен пораз

Палењето на 11 антени на „Старлинк“ во Бугарија, ограничувањата...