Моден двобој: Кралицата Ранија и кралицата Летиција восхитија со нивната елеганција

Date:

Кралот на Јордан, Абдула Втори и неговата сопруга, кралицата Ранија беа во посета на шпанското кралско семејство, поточно кралот Фелипе Шести и кралицата Летиција.

Покрај формалниот дел од посетата во Мадрид, многумина останаа восхитени од елеганцијата и софистицираноста на двете кралици.

Овие две дами веќе подолго време важат за жени кои знаат што е стил, па секоја нивна модна комбинација е одлично оценета од модните критичари.

Па, така и овој пат, дамите се одлучија за тесни миди фустани, со слична должина и цветни мотиви, само што кралицата Ранија се одлучила за фустан со долги ракави.

Исто така, дури и чевлите им беа во речиси идентична боја, што е доказ дека и двете имаат сличен вкус и чувство за мода.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Денови на хаос над европското небо поради затворање на Хитроу: Десетици летови се откажани

Патниците ширум светот се подготвуваат за денови на хаос...

Македонија има нов херој: 19-годишниот Јован од Виница спаси над 20 деца во пожарот во Кочани

Тивкиот хероj во големата трагедија. Вака на социјалните мрежи...

Се проширува листата на осомничени, првите пациенти на лекување во странство се очекува да се вратат во понеделник

Активностите на полицијата и на Обвинителството за истрагата за...

Се бара 30 дневен притвор за Бектеши

Oсновното јавно обвинителство бара 30 дневен притвор за поранешниот...