Македонското Министерство за надворешни работи, преку амбасадата во Каиро, работи на евакуација на осумчлено семејство, државјани на Македонија, кое се наоѓа во загрозените подрачја во Судан.
Министерството, преку дипломатската мрежа во регионот, е во постојана комуникација со колегите од пријателските земји, чии амбасади се сѐ уште активни на територијата на Судан и во тек се активности за да се обезбеди нивна скора евакуација и трансфер на безбедна локација од каде подоцна би се обезбедил трансфер кон земјава.
„Четирите македонски државјани, кои претходно го напуштија Судан кон Саудиска Арабија, се на безбедна локација, во добра здравствена состојба и наскоро ќе бидат вратени во земјава“, соопшти МНР.
Од таму повторуваат дека ако има македонски државјани во Судан да ги контактираат македонските амбасади во Каиро, во Абу Даби или министерството за надворешни работи.