Младите од Македонија сè повеќе сакаат да студираат во странство

Date:

Професорот од правниот факултет во Штип, Страшко Стојановски за Глас на Америка вели дека истражувањето кое неодамна го спровеле им покажало дека од 13 отсто пред пет години, сега интересот за студирање во странство се зголемило на 21 процент.

Самите резултати се однесуваат на источните и централните делови на Македонија. Тука можеме да воочиме дека перцепцијата за тоа дали би студирале или не би студирале речиси е непроменета и изнесува меѓу 65 и 70 отсто.

Перцепцијата кај младите е дека би сакале да студираат надвор од државата, која пред пет години изнесуваше околу 13 отсто, сега веќе се зголемува на 21 отсто, кај средношколци од трета и четврта година. Ако ги вкрстиме податоците само за четврта година, тој процент се зголемува на 24 отсто.

Мотивацијата на младите претежно се врзува за економски фактори. Младите сакаат да имаат поголеми примања и сакаат да имаат поквалитетен живот.

Веднаш на второ место тука доаѓаат факторите на релативната политичка нестабилност или неизвесност во државата, перманентните политички кризи кои ни се случуваат и високото ниво на политизација во сите сфери на општеството и младите се чувствуваат несигурни, покажува анализата.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Во торнада, пожари и песочни бури загинаа најмалку 40 луѓе ширум САД

Најмалку 40 луѓе загинаа откако торнада го погодија средниот...

Центрите за изгореници во неколку холандски градови се подготуваат да примат жртви од пожарот во Кочани

Центрите за третман на изгореници во холандските градови Гронинген,...

Ребека: Да се молиме за Панчо ДНК, на апарати е!

Македонската пејачка Ребека Јанковска Ристевски упати апел за...

Српскиот конзул во Македонија ќе ги покрие трошоците за семејствата чии членови се хоспитализирани во Србија

Почесниот конзул на Србија во Македонија, Владимир Стајиќ, соопшти...