Мијата и „Фолтин“ ја претставија новата песна „Ме боли“

Date:

Македонската пејачка Наташа Крстевска, позната како Мијата, има нова музичка соработка со групата „Фолтин“ од Битола. Имено, станува збор за нивната нова песна „Ме боли“, која е француско-македонска шансона.

Мијата е авторка на музиката и текстот на песната, а аранжманот е дело на пејачката и членовите на групата „Фолтин“. Песната е снимена во студиото „Алшар“ во Скопје.

„Пресреќна сум што постојат врвни уметници како што се „Фолтин“, кои веднаш го разбраа музичкиот филм кој го посакував и создадоа автентична атмосфера поради која оваа песна ќе се смести на листата на препознаени шансони од целиот свет“, вели Мијата.

Песната ќе има и целосна француска верзија со наслов „C’est joli“, а која ќе биде премиерно изведена на „TV5 Monde“, француска телевизија која ги подржува франкофоните ширум светот.

Видеозаписот за песната беше снимен во соработка со универзитетот Европа Прима, каде магистрант е актерката Јелена Мијатовиќ, која направи трансформација за потребите на изведбата, додека Бојан Секулоски, професор на истиот универзитет, ги изработи снимањето, фотографијата, колор корекцијата и монтажата.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Оригинален рецепт за трилече

За потеклото на овој колач, чие име во превод...

Џесика Алба по разводот ужива во бикини

Холивудската убавица, актерката Џесика Алба неодамна стави точка на долгогодишниот...

Даниел Редклиф се појави со девојката

Даниел Редклиф ги почасти сите свои обожаватели со ретко...

Холивудскиот предатор повторно обвинет за сексуален напад

Во средата започнаа воведните изјави на повтореното судење на Харви...