Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски повика на лидерска средба за предвремени парламентарни избори.
Неговата партија нема да го промени ставот за внесувањето на Бугарите во Уставот. Според него, тортурата ја организира власта, која воедно молела претставници на меѓународната заедница исто така да вршат тортура врз ВМРО-ДПМНЕ за да прифатат да се смени Уставот. Мицкоски рече дека досега партијата нудела решенија, како што е устав по хрватски модел и уставни измени со одложено дејство, но сега повеќе нема за што да се зборува со власта, освен за предвремени избори.
„Подготвени сме на брзи парламентарни избори без техничка Влада. Само тоа е сега на маса. Секој што сака со нас да разговара за ова прашање е добредојден. Сè останато, ВМРО-ДПМНЕ во моментот го смета во рамките на оваа кампања на тортура и притисок“, рече Мицкоски.
Претходно владини претставници истакнаа дека изборите не се решение за процесот на уставни измени.
Мицкоски повика на лидерска средба за предвремени парламентарни избори
