Мистерија околу точниот датум на смртта на Шинејд О’Конор: „Датумот на смртта е непознат“

Date:

Смртта на ирската пејачка се оплакуваше ширум светот, таков беше нејзиниот придонес во светот на музиката и бројни беа луѓето на кои таа им помогна во животот.

Нејзиното тело беше откриено од страна на лондонската полиција во средата, иако одреден степен на мистерија околу точното време кога починала останува.

Не се третира како сомнителна смрт, но смртта на 56-годишната уметница има одреден степен на неизвесност за деталите како и кога се случила.

Засега не е наведена медицинска причина за смртта, а ќе биде направена обдукција додека официјалните лица се обидуваат да откријат што навистина се случило со ирската ѕвезда.

„Датумот на смртта е непознат“, беа зборови кажани од портпаролот на лондонскиот суд.

Иако сè уште ништо не е исклучено, се чинеше дека Шинејд О’Конор планирала многу напорна 2023 година во која сакала да го заврши реструктуирањето на лондонската куќа во која се вселила пред новата година, како и да објави нов албум и започнување на светска турнеја.

Немаше индикации дека О’Конор очекуваше нешто да и се случи во блиска иднина, но малку е чудно што потврдувањето на точниот датум на смртта се покажува, за сега, како тешко.

Резултатите од обдукцијата се очекува да пристигнат за две недели, како што објави Дејли Мејл.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Австралија добива НБА шампион и деветкратен Ол-стар како засилување?

НБА ѕвездата Кајри Ирвинг изрази големо задоволство во иднина...

Македонија со Шортс и Димитријевиќ против Естонија и Полска

Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска го има првиот собир...

Смртни закани кон судијата кој го исклучи Белингем

Судијата Хозе Луис Мунуера Монтеро, кој му покажа црвен...

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски е сиамски близнак на Кацарска и Трпков

Македонија се гуши во „дивото месо” посеано од СДС...