Минусните температури лошо влијаат на кардиоваскуларниот систем, еве како да се заштитите

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ admin_label=”section” _builder_version=”3.22″ global_colors_info=”{}”][et_pb_row admin_label=”row” _builder_version=”3.25″ background_size=”initial” background_position=”top_left” background_repeat=”repeat” global_colors_info=”{}”][et_pb_column type=”4_4″ _builder_version=”3.25″ custom_padding=”|||” global_colors_info=”{}” custom_padding__hover=”|||”][et_pb_text _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]

Наглиот пад на температурата и деновите „во минус“ бараат припадниците на чувствителните групи како што се кардиоваскуларните пациенти, заболените од хронични и респираторни заболувања да посветат посебно внимание за временските (не)прилики дополнително да не го загрозат нивното здравје.

Изложеноста на студ, особено во комбинација со физички напор, ја забрзува работата на срцето и може да предизвика симптоми на срцева исхемија како болка во градите, но и миокарден инфаркт, пишува „Newsbeast“.

Исто така, за да се заштити од студот и да се намали загубата на топлина, телото предизвикува вазоспазам, што доведува до зголемување на васкуларниот отпор, како и до скок на крвниот притисок. Овој вазоспазам, освен што го зголемува васкуларниот отпор и крвниот притисок со негативни ефекти врз срцето, може да се прошири и на крвните садови кои го снабдуваат срцето со крв, што ги влошува веќе постоечките стегања кај пациенти со срцеви проблеми.

Примарното средство за превенција е да се намали изложеноста на студ. Движењето треба да се сведе на минимум, облеката да се избира внимателно и неколку пати во текот на денот, да се јаде мала количина на лесна, топла храна.

Пациентите со историја на срцеви заболувања не треба да ги занемаруваат лековите. Посебно внимание треба да посветат на лековите за висок крвен притисок, бидејќи во текот на зимата можеби ќе треба да се прилагоди нивната терапија. Исто така, важно е да се спроведат профилактички мерки за заштита од респираторни инфекции, односно да се вакцинираат против грип и корона вирус.

Консумацијата на алкохол не штити од загуба на топлина, но може да ја зголеми со влошување на хемодинамските ефекти на студот врз кардиоваскуларниот систем. Симптомите како што се болка во градите, отежнато дишење или непријатност од која било причина треба да бидат аларм за посета на лекар.

Со оглед на тоа што се и колку се важни ефектите од промените на животната средина врз кардиоваскуларниот систем, соодветна подготовка, информирање и почитување на заштитните мерки се од големо значење како за здравите луѓе, така и за луѓето кои страдаат од кардиоваскуларни заболувања.

[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Пржено свинско со ориз и зеленчук

Овој рецепт содржи моркови, кои се богати со витамини...

Трамп му понуди на Мерц да купи двојно повеќе ракетни системи „патриот“

Американскиот претседател Доналд Трамп му понудил на германскиот канцелар...

Православната Црква во Америка ја призна автокефалноста на Македонската Православна Црква

Одлука дека ја признава каноничноста на Македонската Православна Црква...

Алармантни податоци: 53% од девојчињата и 19% од момчињата на возраст на 15 години имаат депресивно расположение

Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА алармира...