Министерството за надворешни работи го прогласи бугарскиот европратеник Џамбаски за маргиналец

Date:

Македонското Министерство за надворешни работи по дипломатски пат реагирало до официјална Софија, да се огради од недоличните изјави кои како што велат од МНР, ги повредуваат чувствата на македонските граѓани и воедно серизно им наштетуваат на напорите за унапредување на добрососедските односи меѓу двете земји.

Реакцијата на МНР доаѓа по вчерашното одбележување на 95-годишнината од смртта на Мара Бунева, организирано од членови на бугарската Фондација „Македонија“, како и на изјавите на бугарскиот европратеник и копретседател на партијата ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски.

„Министерството за надворешни работи со големо внимание ги следи изјавите на одредени маргинални политички фигури од Бугарија чии провокации продолжуваат, без притоа да водат сметка за напорите кои ги вложуваат двете држави за одржување на конструктивната соработка и позитивниот дух во билатералните односи меѓу двете држави.“ – велат од МНР.

Од Македонски Концепт, јавно реагираа со неодобрување и барање да се преземат идни институционални мерки по повод, како што велат од партијата, неофашистичките напади врз уставниот поредок на Македонија од страна на европскиот пратеник и избугарен Македонец, Ангелче Џамбаски.

Реагираше и градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски. Двајцата европратеници од ВМРО-БНД Џамбаски и Костадинов еден ден ќе разберат дека Македонија била, е и ќе биде македонска, а од Македонец Бугарин не бидува, вели Димитриевски.

Околу 200 лица вчера во Скопје со знамиња и плакати со ликот на Цар Борис Трети ја одбележаа 95-годишнината од смртта на Мара Бунева. Пред спомен плочата на Бунева на кејот на Вардар се поклонија членови на бугарската Фондација „Македонија“, меѓу кои и бугарскиот европратеник  Џамбаски, кој порача дека нема да дозволи продолжување на, како што рече, денационализација на Бугарите во Македонија.

Во последните неколку години бугарски здруженија се собираа пред спомен-плочата на Мара Бунева која го извршила атентатот врз државниот обвинител на Србија, Велимир Прелиќ на 13 јануари 1928 година.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ETHNIC ORGANIZATION OF THE MACEDONIANS IN USA AND CANADA BETWEEN THE TWO WORLD WARS (10)

PART OF THE BOOK “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” BY SLAVÉ...

УНГАРИЈА ЗАПЛЕНИ УКРАИНСКИ КОМБИЊА СО 80 МИЛИОНИ ДОЛАРИ И ЗЛАТО, УКРАИНА ЈА ОБВИНИ ЗА КИДНАПИРАЊЕ

Унгарските даночни власти кажаа дека уапсиле седуммина Украинци и...

ЕСЧП ја прифати жалбата на Апасиев против Џафери за одбиеното барање за референдум за „францускиот предлог“

Политичката партија Левица денеска соопшти дека Европскиот суд за...