Механизмот за прекугранична помош на ОН за Сирија истече без договор за негово продолжување

Date:

Механизмот на Обединетите нации (ОН) за прекугранична хуманитарна помош, кој е од витално значење за милиони луѓе во областите под контрола на бунтовниците во Сирија, истече поради одложување на гласањето на Советот за безбедност на ОН за продолжување на тој мандат, пренесе АФП.

Гласањето првично закажано за петок, а потоа во понеделник повторно е одложено за 11 јули, објави британското претседателство со Советот за безбедност на ОН доцна вечерта на 10 јули.

Членовите на Советот за безбедност на ОН со денови се обидуваат да најдат компромис за продолжување на механизмот кој овозможува испраќање храна, вода или лекови од Турција до жителите на северозападна Сирија, без одобрение од Дамаск.

Механизмот воспоставен во 2014 година им овозможува на ОН да достават хуманитарна помош до населението во областите под контрола на бунтовниците во северозападна Сирија, без овластување на сириската влада, која редовно ги осудува кршењата на нејзиниот суверенитет.

Сепак, Русија, која стави вето на едногодишното продолжување во јули 2022 година, инсистира механизмот да биде продолжен само за шест месеци.

Дамаск е верен сојузник на Москва, која интервенираше во сирискиот конфликт во 2015 година со воздушни напади за да ги поддржи владините сили кои се борат против бунтовниците.

Владата на Асад е политички изолирана во регионот од почетокот на конфликтот, но ситуацијата се промени по земјотресот на 6 февруари во кој загинаа десетици илјади луѓе во Турција и Сирија. Во граѓанската војна во Сирија од 2011 година, загинаа околу половина милион луѓе, додека милиони се раселени.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ПМФЛ: Тиквеш и Струга ремизираа, само бод за Шкендија против Арсими

Со идентичен резултат 2-2 завршија двата воведните натпревари од...

Сабаленка против Рибакина ја брани титулата на Ју-ес Опен

Арина Сабаленка и Елена Рибакина ќе се сретнат во...

THE NEWSPAPER “MACEDONIAN NATION” (1971-1990) – PART I (48)

PART OF THE MONOGRAPH “GOJKO JAKOVLEVSKI” BY SLAVE KATIN Information...

Чудо колач

Кора со какао, кора со мак, слој чоколаден намаз,...