Месиќ: Македонија одамна требаше да стане членка на ЕУ

Date:

Сите земји од Западен Балкан се на непотребно долг пат кон членство во Европската Унија. Македонија одамна требаше да биде членка на ЕУ и затоа го повикувам претседателот на Европската комисија да направи се што е можно за земјите од Западен Балкан што поскоро да влезат во Европската унија и да покажат поголема емпатија за граѓаните од овој дел од светот. Од примерот на Украина видовме дека патот кон Европа мора да биде побрз. Ова го истакна поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ, кој вчера заедно со претседателот Стево Пендаровски учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2023, споделувајќи мислења за енергетските и политичките состојби и предизвици со кои се соочува земјата и регионот.

Според Месиќ, наједноставната порака до земјава е исполнување на стандардите и условите на Европската унија за да се забрза нејзиниот пристап во ЕУ.

Сегашната Европа во ЕУ, оцени тој, е малку уморна од приклучување, а земјите кои не се дел од ЕУ се уморни од чекање.

-Привлечноста на ЕУ постепено се намалува и тоа не е добро, а креаторите на ЕУ беа лидери и знаеја што сакаат. Денес, извинете, не гледам вистински лидери ниту во Европа, ниту во светот, тие се бирократи во Брисел со големи плати, но не гледам резултати. Наместо да се забрза влезот на земјите кои чекаат и да им се помогне што поскоро да влезат во ЕУ, апелот на ЕУ постепено исчезнува, рече Месиќ.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

„Сакаат да ме убијат во затворот“: Осудениот пејач го моли Трамп да му ја намали казната од 30 години

Контроверзниот американски пејач Р. Кели официјално побара од претседателот Доналд...

Џенифер Лопез прошета во жешко издание на Сицилија

Џенифер Лопез (56) со полна пареа го започна летото...

Џони Деп призна дека го малтретирал Леонардо Дикаприо

Леонардо Дикаприо немал толку среќа. На снимањето бил малтретиран од...

Џенифер Гарнер откри како изгледа заедничкото родителство со Бен Афлек

Иако зад себе имаат бурен развод, холивудските ѕвезди Џенифер...