МЕНКИНОСКИ: Никогаш ние Македонците не сме им се плашеле на нашите душмани

Date:

АИРЛИЈА НЕКА Е!!!

Да разјасниме, јас не се чувствувам виновен за тоа што го развеав македонското сонце кое е симбол на мојот народ! Не се каам, а напротив се чувствувам достоен и горд како Македонец!!!

Немам намера да се спогодувам и да плаќам казни и глоби со кои сакаат да ме замолчат, а Вас да ве заплашат! Никогаш ние Македонците не сме им се плашеле на нашите душмани.

Нека се плашат оние кои сакаат да ни го забранат или премолчат македонското сонце од Кутлеш кое е вечниот симбол на македонскиот народ во Пиринот, Егејот, Вардарот, Гора, Преспа и секаде каде има Македонец достоен на своите корени.

Македонското сонце треба да стои на вашите балкони, дворови и улици, само така ќе покажеме чија е оваа земја и кој е овој народ.

ПС. Македонија на Македонците!!! Битката продолжува исто онака како во исечокот од филмот „ Најдолгиот пат“. Сто за вас една за нас!, вели вели адвокатот Тони Менкиноски кој ги застапува македонците во Бугарија пред Судот за човекови права во Стразбур.

 

Менкиноски против кого полицијата поднесе прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир, раскажува што точно се случило:

 

Полицијата дојде и сакаше да го тргне знамето имаше една бурна реакција од страна на луѓето кои го имаа поставено знамето, исто така ме запишаа мене како подносител.Јас им побарав да ми донесат наредба им реков ова знаме нека да го тргнеме се додека не донесете наредба или писмен документ со кој ќе не задолжите да го тргнеме. И тоа треба да го пренесете да го знае јавноста бидејќи беше можен и инцидент, вели Менкиноски.

 

-Ова значи дека идејата за македонската кауза не е мртва и мене ме импресионираше бидејќи добивав повици од младинци кои сакаат покажат дека македонската кауза не е закопана. Колку и да сака сегашниот образовен систем да ги насочи во друга насока морам да признам дека бев изненаден од тоа што го слушав од децата,од нивното себеидентификување како македонци -вели Менкиноски.

 

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Македонија заврши шеста на Балканското младинско првенство

Машката репрезентација на Македонија до 19 години заврши како...

СИНЕР ГО ПОБЕДИ АЛКАРАЗ И ГО ОСВОИ ТРОФЕЈОТ НА ВИМБЛДОН

Јаник Синер претрпе тежок и болен пораз од Карлос...

Полицијата откри што точно се случувало со тројното убиство во Прилеп

Тројца загинати, меѓу кои и 13-годишно дете, е исходот...

На Божествена литургија во Охрид беше устоличен новиот митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Архимандритот Георгиј од денеска и официјално стана нов митрополит...