МД „Илинден“ достави барање во Тирана за реактивирање на лекторатот по македонски јазик

Date:

Македонското друштво „Илинден“ – Тирана продолжува со иницијативата што ја започна за реактивирање на лекторатот по македонски јазик во Тирана.

-Денеска доставивме официјално барање до проф. д-р Есмералда Кромида, декан на Факултетот за странски јазици, за реактивирање на лекторатот, кој функционираше до пред десетина години. Меѓу другото во барањето го нагласуваме големо значење за македонското национално малцинство во Република Албанија и во исто време е корисно за албанското општество да се запознае со македонскиот јазик, литература и култура, изјави за МИА Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Исто така во документот стои дека  друштвото на 28 ноември минатата  година испратило барање до Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, како и до Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура и директорката, проф. д-р Весна Мојсова – Чепишевска за поддршка и оти веќе е добиен позитивен одговор.

-Наведуваме дека Македонското друштво „Илинден“-Тирана е регистрирано на 6 февруари 2009 година во Судот во Тирана. Неговата мисија е заштита на етничкиот, културниот и верскиот идентитет на македонското национално малцинство во Република Албанија, како и зачувување на јазикот и образованието на македонски мајчин јазик. Искрено се надеваме на позитивен одговор, вели Ѓурѓај.

Според него, постои огромен интерес за македонистиката од страна на новите генерации на македонската заедница.

-Постои интерес и од страна на огромен број студенти што студираат на овој факултет во Тирана да можат да го изучуваат и македонскиот јазик. Но, битно е да се подвлече дека овој лекторат би бил клучен за унапредување на културните врски меѓу двата народа и двете држави, за развивање на добрососедските односи и за градење нови мостови на соработка меѓу македонската и албанската академска научна средина, нагласува Ѓурѓај.

Во рамки на активностите на овој план, на 20 мај во просториите на Деканатот на Факултетот за странски јазици македонскиот амбасадор Данчо Марковски и  Мојсова – Чепишевска имаа средба со деканот Кромида и продеканот проф. д-р Дрита Рира, одговорна за меѓународна соработка.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ВМФЛ: Водечките со нови победи, Брегалница со три бода од Велес

Попладнево се одиграа сите осум средби од 25.коло во...

Да се знае кој е кој: “Кралевите“ чекаа во ред да се поздрават со НАЈГОЛЕМИОТ!

Можеби во неговата Србија во последните неколку месеци и...

Пиастри по победата во Џеда: Ова ми беше најтешка трка во кариерата…

Оскар Пиастри стигна до третата сезонска победа во Формула...

Елизабет Харли најде љубов во прегратките на таткото на Мајли Сајрус

Британската актерка Елизабет Харли ја изненади јавноста со последната објава на...