Францускиот гигант ПСЖ ова лето го загуби Лионел Меси и не сака да остане без уште една голема ѕвезда, па затоа се обидува да го реши проблемот со Килијан Мбапе кој не сака да потпише нов договор.

“Дефенса Сентрал“ објави дека ПСЖ сака на својот најдобар фудбалер да му понуди 1,11 милијарди долари за 10-годишен договор, па така Мбапе ќе стане најплатениот спортист во историјата.

Мбапе го носи дресот на парижаните од 2017 година и настапи на 260 натпревари, а притоа постигна 212 голови.