„Мачедоне, Мачедоне” – овации за македонските основци на фестивалот за народни песни и ора во Монтекатини, Италија

Date:

Македонскиот музички тим со хорот и оркестарот на ООУ „Кузман Јосифовски Питу“ од Скопје заблеска на сцената во Монтекатини Терме, Италија, на 11. интернационален фестивал на народни песни и ора „Запознај ја традицијата“.

Играорците се претставија како вистински млади културни амбасадори на својата земја, претставувајќи ги македонските традиционални ора и народни песни на двата одржани концерти.

Хорот и оркестарот изнудија аплаузи на централниот плоштад во Монтекатини Терме, каде што се пееја нашите познати македонски изворни песни „Јовано Јованке“ и „Македонско девојче“, како и обредните песни од народната македонска лирика „Водичарки“ и „Невестинска песна“.

Жителите на овој италијански град, како и туристите, не ги криеја симпатиите кон младите македонски музички таленти. За време на парадата, која беше составен дел од официјалното отворање, довикуваа „Мачедоне, Мачедоне!“

На фестивалот учествуваа културно-уметнички друштва и музички групи од повеќе земји – Северна Македонија, Турција, Бугарија, Словачка, Полска, Литванија, Естонија, Израел и Ирска.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

PART OF THE TRUTH ABOUT MACEDONIA IN THE BOOK “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” PART I (1)

Throughout history, numerous authors have served many lies and...

ОСТАНУВАЊЕТО НА ОРБАН НА ВЛАСТ Е ВО ИНТЕРЕС НА САД, КАЖА РУБИО ВО БУДИМПЕШТА

Доналд Трамп е посветен на успехот на Виктор Орбан...

Над 200 евакуирани по поплавите, ДЗС интервенира во повеќе региони

По обилните врнежи што зафатија повеќе делови од државата,...

ЕУ не ги одби камионџиите, засега нема блокади на границите се бара итно преодно решение!

Европската унија не ги отфрли барањата на камионџиите. Стратегија...