МАКЕДОНСКО – ЕГИПЕТСКАТА КРАЛИЦА – УБАВАТА КЛЕОПАТРА (30)

Date:

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО
СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА“ ОД АКАДЕМИК АНТОНИЈЕ ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН

Наспроти милениумските неправди и лаги, како последица на пропагандата на Октавијан, најголем непријател на Клеопатра кој ја опишува дека таа била алчна, неморална и сурова, денешните аналитичари, пред сè историчари, културолози и други, оваа македонска кралица ја оценуваат како високо интелегентна жена, со брилијантно знаење јазици (покрај македонскиот, уште седум), чудесни управувачки способности и како единствена жена на стариот век.


Од современите историчари, прв тоа прашање го покренал Тарн (1913), заслужен англиски истражувач на елинизмот, т.е. македонизмот, кој тврдел дека Клеопатра е жртва на една од најстрашните кампањи на омраза во целата историја. Меѓутоа, се заборава што изнесол за Клеопатра уште Плутарх (46-12 н.е.), книжевник, историчар и писател на значајната творба „Паралелни животописи“ (III, Антнонио, 27, 394).
Тој рекол дека македонската кралица Клеопатра „поседувала шарм со незадржлива сила во обраќањето, па нејзината појава со впечатливоста на нејзините зборови и воедно нејзиното значење кое некако го проникнувало нејзиното однесување со другите, оставале некакво осило во срцата. Уживање било да се слуша звукот на нејзиниот глас, а својот јазик како музички инструмент со многу жици, без тешкотии го свртувала во било кое наречје, а сосема ретко во разговорите со варварите ѝ требал преведувач, туку на повеќето од нив сама им давала одговори било да биле Етиопјани, Троглодити, Евреи, Арапи, Сиријци, Меѓани или Парти. Се раскажува дека научила и други јазици иако кралевите пред неа не се потрудиле да го научат ниту египетскиот јазик, а некои го запуштиле и своето „македонско наречје“.
Таквата Клеопатра, за да го сочува опстанокот на сојот народ и својата династија, го освоила големиот Цезар, кога во 48 п.н.е. дошол во Египет и таа се омажила за него. По две години Цезар ја повикал Клеопатра во Рим, каде била дочекана со највисоки почести и во таа прилика била направена златна статуа со нејзиниот лик, која била сместена во најголемиот римски храм.



По смртта на Цезар, 44 п.н.е., Kлеопатра се вратила во Александрија, а власта во Римското царство ја поделиле младиот Октавијан и Марко Антонио од владата на триумфиратот. Марко Антонио, ветеран во многу битки, сметал дека на Египет треба да му се даде независност, но истовреме треба добро да се врзе за Рим. Во таквата идеја Клеопатра видела сигурност и гаранција за иднината и континуитетот на својата династија, па заради тоа, по една од најпознатите љубови во историјата, во 41 п.н.е., се омажила за Марко Антонио. Таа врска помогнала Македонско-египетското кралство за кратко да ја поврати некогашната слава. Клеопатра му родила на Антонио близнаци, Александар Хелиј и Клеопатра Селена, додека во 36 п.н.е. го родила синот Птоломеј Филаделф.


За македонската свест и традиција која владеела во периодот на римската окупација на Македонската империја, во понатамошниот текст повторно сведочи Плутарх (III, Антон. 54, 409), а во врска со прославата во Александрија по повод извојуваната победа од страна на Антонио во Ерменија: „Бидејќи го исполнил вежбалиштето со светост и поставил на сребрениот подиум два златни престола, еден за себе а другиот за Клеопатра, а и други поскромни за своите синови, најнапред ја назначил Клеопатра за кралица на Египет, Кипар, Либија и Келесирија, а како ковладетел Цезарион, за кого се сметало дека е син на постариот Цезар, кој ја оставил трудна, а како второ, јавно ги прогласил своите синови со Клеопатра за кралеви на кралевите, па на Александар му ги доделил Арменија, Медија и Партија, откако ги покорил, а на Птоломеј Феникија, Сирија и Киликија.


Воедно, ги преоблече синовите, Александар во медска облека која вклучувала и тијара (турбан, круна) и прав појас, а Птоломеј во чизми, лесен горен фустан (хламида) и македонски бел шешир украсен со кралски повез (кој го означувал македонското кралство достоинство, како подоцна круната). Оваа втората била носија на кралските наследници на Александар, а првата на Меѓаните и Арменците.
Откако синовите ги прегрнале родителите, околу едниот застанала телесната стража од Арменци, а околу другиот од Македонци. Клеопатра и тогаш и во иднина, кога излегувала во јавноста, облекувала фустан посветен на Изида и носела службено име „Нова Изида“.


По смртта на Клеопатра, последен формален крал на Македонската египетска династија бил Птолемеј XV-Цезарон, кого го убил Октавијан Август и Египет бил припоен на Рим. Децата на Клеопатра со Марко Антонио биле усвоени од неговата претходна сопруга Октавија, која била и сестра на Октавијан Август.

Интересирање за Клеопатра имало не само кај Шекспир, Бернард Шо и Алфиериј, кои се занимавале со нејзината судбина и ликот на трагична хероина, туку била инспирација за многу уметници, скулптори и сликари како што се Тицијан, Рубенс, Делакроа и други, како и музичарите од типот на Берлиос, Масне, Чимароз и други, потоа филмски продуценти и други.


Во почетокот на новиот милениум, Клеопатра, последната македонска кралица, без конкуренција и понатаму претставува голема инспирација. Таа е тоа не само за класичните историчари, кои го докажуваат нејзиното чисто македонско потекло низ генерациите, туку и за други научници. Современите уметници, од желба на светот да му покажат еден оригинален и автентичен лик на „надарена управничка“ на антиката, во 2002 година поставиле светска изложба во Рим под наслов „Клеопатра египетска кралица“.


Истовремено целта на организаторите на изложбата е да се евоцира уште еднаш Клеопатрината посета на Рим и да се истакне како Римјаните го освоиле македонско-египетското влијание преку уметнички форми на својата култура. Потоа изложбата се пресели во други центри во Европа и Америка, како што се Лондон, Париз, Њу Јорк и Чикаго, каде посебно се истакнат нејзиниот етнички идентитет, со загадочно прашање како би течела историјата понатаму да успеел планот на Клеопатра и Антонио? Можеби во тој случај средниот век наместо латински би зборувал само македоноски (александров) јазик.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Втора лига: Водечките потфрлија, важни победи за Вардар Неготино и за Победа

Изненадувачки резултати донесе 26. коло од Втората фудбалска лига...

Копа дел реј е за Барселона, „кралевите“ немаат лек за каталонскиот гигант оваа сезона

Барселона продолжува да му набива комплекс на Реал Мадрид...

СИН И МАЈКА ОД ГЕВГЕЛИЈА КРИУМЧАРЕЛЕ МИГРАНТИ

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија...

Се потешко се покриваат основните трошоци во Македонија

Што ќе има од овошје и од зеленчук, какви...