Македонски државјанин осуден во Швајцарија за убиство извршено пред 24 години

Date:

Судот во Бил, Швајцарија прогласи за виновен 65-годишен државјанин на Македонија, кој е осуден на 18 години и три месеци. Судот го прогласи за виновен за убиство и обид за убиство при грабеж извршен пред 24 години, во 1999 година.

Инспекторите случајно дознале за Македонецот во 2015 година, кога пријавил кражба во неговиот киоск во Берн. Неговата ДНК се совпаѓала со ДНК доказите на местото на злосторството во Бил.

Осудениот негирал вмешаност, а неговиот бранител побарал ослободителна пресуда. Јавното обвинителство проценило дека неговата ДНК докажува вмешаност во убиството и побара казна затвор од 18 години.

За време на грабежот четворица маскирани мажи врзале и мачеле брачен пар и нивниот најмлад син. Подоцна, во куќата дошле двата постари синови на сопружниците, кога еден од насилниците испукал неколку куршуми. Убиен е 22-годишен син. Насилниците избегале неоткриени.

Заднината на грабежот сè уште е нејасна.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Николоски во Лондон: Се потврдува стратешкото партнерство меѓу двете земји

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, вчеравечер во...

Левица: Конзулатот во Њу Џерси работи само четири часа неделно – уште една навреда за македонската дијаспора

Срамно и понижувачко е постоењето на Конзулатот на Република...

ММФ НАЈАВУВА НЕИЗВЕСНОСТ ПОГОЛЕМА ОД ВРЕМЕТО НА КОВИД ПАНДЕМИЈАТА

САД со силни критики го нападна работењето на Светската...

Кривична за скопски бизнисмен, не платил 12 милиони денари данок

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје...