Македонски бизнис именик 30 години „Македонска Трпеза“ во Сиднеј

Date:

Во организација на Редакцијата на Македонскиот телефонски именик, на 19 мај, 2023 година, во свечената сала “Conca D’Oro”, во Сиднеј, по 30-ти пат се одржа традиционалната вечер на македонските бизнисмени и професионалци, наречена „Македонска трпеза“. Покрај многубројните гости, присутни на вечерата беа и Членот на Парламентот на НЈВ, господинот Марк Куреј, Господинот Љупчо Коњарски, народен пратеник во Општината Џорџес Рива, свештеникот Наум Деспотоски и многу преставници од општествените и културните организации на македонската заедница во Нов Јужен Велс и Канбера.

Вечерта, Редакцијата на Македонскиот бизнис именик ревијално ги чествуваше бизнисмените и професионалците, кои триесет години се рекламираат во Именикот.

Вечерта се чествуваше и пожртвуваноста на уредничкиот колегиум , кој 30 години неуморно го подготвува ова ремек дело на македонската заедница.

За почетоците пред 30 години, домаќините истакнаа дека – Чест е да се биде Македонец. Гордост е да одвоиш време и да направиш нешто доблесно за Македонија, а особено за претставувањето на Македонија надвор од нејзините граници. Ние, иселениците сме вистинските амбасадори на нашата татковина. Нашите мали дела, направени доброволно, со љубов и посветени на корените ни, како сонце ја осветлуваат љубовта за Македонија.

​Под мотото „Сложни браќа куќа градат“, пред триесет години, во централниот дел на Сиднеј, се роди големата идеја дека треба да се најде начин, да се сплотат иселениците од македонско потекло, начин кој ќе помогне да се зачуваат македонскиот јазик, македонската култура, традициите и корените македонски на овие простори, а истовремено со тоа, ќе се спојат општествените организации на македонците и приватните бизниси што тие ги поседуваат. Темелите на големата мисија, беа цврсто поставени, со цел да се воздигне македонската заедница, да се остави пишан траг за нејзината егзистенција на овие простори. Цел, поткрепена со сознанието дека деловниот успех на македонските бизнисмени е и општ успех на македонската заедница и нанејзината позиција во австралиското општество.

Со голем ентузијазам и далекусежна визија, Јове Стојановски и Ѓорѓи Михајлов, како и Жаклина Михајлова и Елизабета Стојановска, се зафатија со макотрпна работа – креирање, истражување, подготовка и издавање на Македонскиот бизнис именик – книгата за секој дом.

Скромното, прво издание на именикот, на нешто повеќе од стотина страници ја ослика тогашната состојба на македонската заедница во НЈВ и Канбера. Подготовките за првиот Именик започнаа во 1993 година. Истата година Именикот беше испечатен и подготвен да се раздава за Божик.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ВМФЛ: Водечките со нови победи, Брегалница со три бода од Велес

Попладнево се одиграа сите осум средби од 25.коло во...

Да се знае кој е кој: “Кралевите“ чекаа во ред да се поздрават со НАЈГОЛЕМИОТ!

Можеби во неговата Србија во последните неколку месеци и...

Пиастри по победата во Џеда: Ова ми беше најтешка трка во кариерата…

Оскар Пиастри стигна до третата сезонска победа во Формула...

Елизабет Харли најде љубов во прегратките на таткото на Мајли Сајрус

Британската актерка Елизабет Харли ја изненади јавноста со последната објава на...