Македонскиот пасош 43. во светот, повреден од тие на Црна Гора, БиХ, Русија, а зад украинскиот

Date:

Патната исправа на Република Македонија се најде на 43. место во светот, две места повисоко од лани, иако и тогаш и сега со него без виза може да се патува во 125 земји, покажува најновото рангирање на „Хенли глобал“.

Од земјите во регионот повредни се пасошите на Грција, кој го дели седмото место и со него без ограничувања може да се патува во 185 земји, потоа словенечкиот (деветти, без виза во 183 држави), бугарскиот (13., 176), хрватскиот (14., 175) и српскиот (34., 137).

Веднаш зад македонскиот пасош е црногорскиот на 44. место, со можност без виза да се влезе во 124 држави, потоа тие на Босна и Херцеговина (47., 118), на Албанија (48., 117) и на Косово (94., 42).

Највреден во светот е пасошот на Сингапур, со кој може да се патува во 192 земји без виза. Следуваат Германија, Италија и Шпанија со по 190, Австрија, Финска, Франција, Јапонија, Луксембург, Јужна Кореја и Шведска со по 189 итн.

Пасошот на САД го дели осмото место со можност со него да се влезе слободно во 184 земји, тој на Украина е на делба на 30. позиција со 146 држави, на Русија е 49. со 115 итн., а на дното е патната исправа на Авганистан, со која без никакви пречки може да се патува само во 27 земји.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Игор Стефановски Иџе на пиедестал, Шпанија трка за паметење

Изминатиов викенд Иџе повторно на пиедестал. Трката во Шпанија...

Се товари првата пратка од 49 австралиски тенкови „Абрамс“ за Украина, и покрај приговорите од САД

Австралиските власти започнаа да ги натовараат на брод првите...

Совршени пилешки сувлаки со сос од јогурт и свеж зеленчук

Совршените пилешки сувлаки се лесен, здрав и исклучително вкусен...