Македонец фатен со 45 килограми канабис во Грција

Date:

Македонски државјанин на возраст од 27 години бил фатен со 45 килограми канабис во својот автомобил во близина на грчкиот град Кукуш, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Осомничениот се обидел да избега од полицијата, но се судрил со друго возило, по што бил уапсен од Тимот за борба против дрога при Одделот за безбедност на Кукуш.

Резултатот од апсењето било спречување на увоз на поголема количина канабис во земјата, се додава во текстот на новинската агенција.

При претрес на возилото што го управувал биле пронајдени и одземени две кеси во кои имало вкупно 40 пакувања со канабис, со вкупна тежина од 45 килограми и 2 грама, кои, како што се дознава, ги добил претходно од непристапна погранична област кај Кукуш.

Одземено е горенаведеното возило што го користел, како и два мобилни телефони кои биле пронајдени кај Македонецот.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Опра Винфри фотографирана во јавност ги изненади фановите со витата фигура

Опра Винфри беше снимена во Њујорк кога пристигна на...

ДЕЈВ ГРОЛ ПРИЗНА ДЕКА ДОБИЛ ВОНБРАЧНА ЌЕРКА, ПОБАРА ПРОСТУВАЊЕ ОД СЕМЕЈСТВОТО

Фронтменот на „Фу Фајтерс“ Дејв Грол ги шокираше фановите...

Хали Бери проговори за љубовта: Се заљубив уште пред да имаме врска

Актерката Хали Бери даде интервју за „Мари Клер“, каде...

„Тој беше тој што сакав да бидам“: Дензел Вашингтон му оддаде почит на Џејмс Ерл Џонс

Дензел Вашингтон му оддава почит на починатиот актер Џејмс...