При контрола на граничниот премин „Богородица“ на автобус со турски регистарски ознаки, кој сообраќал на редовна линија Гостивар – Истанбул, во чанта на еден од патниците, македонски државјанин, пронајдени се 100.000 евра кои не биле пријавени. Од Царинската управа информираат дека на патникот вратени му се 2.000 евра – износ што резидент може да го изнесе без да го пријави, а останатите 98.000 евра се привремено одземени.
На 26.07.2023 година околу 21 часот на излез од државата се пријавил автобус со турски регистарски ознаки кој сообраќал на редовна линија Гостивар – Истанбул. При контрола на автобусот и патнците, во лична ташна на еден од патниците царинските инспектори откриле непријавени четири пакувања обвиткани со црн најлон и селотејп трака во кои се наоѓале вкупно 100.000 евра – се вели во соопштението.

Против лицето е поднесена соодветна пријава до надлежниот Основен суд.