Австралијанецот Џејми Стаф потрошил четири години бавејќи се со својот проект- изработка на реплика на филмскиот Терминатор Т-800 во природна големина.

Скелетот е изработен од рециклиран алуминиум, тежок е преку 130 килограми и составен е од преку 500 делови меѓу кои и 230 подвижни коски и зглобови. Конструкцијата ја држат 280 шрафови. Забите на „Терминаторот“ се изработени од акрил.

За инспирација, секако послужиле филмовите „Терминатор“ 1 и 2, но оваа реплика не е потполно верна на филмскиот „Терминатор“. Деловите се комбинирани од „Тетминаторот“ во двата филма и секако тука е и имагинацијата на самиот автор.

Мотивацијата на Џејми за изработка на нешто вакво е чиста забава. Тој вели дека целта му била во својата „машка пештера3 да има реплика од „Терминатор“ па одлучил да си ја направи сам.

Како основа му послужил модел изработен од смола според кој настанале калапите за алуминиумскиот „Терминатор“. Секој дел е изработен и доработуван рачно, од лиење до полирање на секој дел до висок сјај.

Кога станува збор за вредноста, авторот на проектот вели дека не може да процени колку чини целата работа, ниту колку пари вложил во изработката.

Заради споредба, тој вели дека може да се набави хромирана реплика на „Терминатор“ изработена од смола за околу 10.000 долари, но таа не е од метал, ниту пак има подвижни делови, па може да се заклучи дека алуминиумската реплика на Џејми вреди многу поеќе.

Сепак, овој австралиски ентузијаст не ни размислува за негова продажба.