Левски на бразилски погон стигна до триумф од 2-0 против Шкупи во Скопје, Велтон и Роналдо донесоа голема победа за гостите од Бугарија.
Шкупи е пред елиминација во второто коло во квалификациите во Конференциска лига откако вечерва дома загуби од Левски.
Гостите од Бугарија на бразилски погон стигнаа до победа од 0-2 во Скопје и направија значаен чекор кон следната рунда.
Резултатот беше отворен по половина час игра, Рикардињо прими една долга топка и го проигра Велтон, кој рутински реализираше за 0-1.
Конечните 0-2 беа поставени во 94. минута, по еден корнер топката заврши кај Роналдо, кој од само неколку метри немаше мака да ја затресе мрежата на Шкупи.