Левица и ЛДП бараат да се прекине со остварување огромни профити на грбот на граѓаните

Date:

Откако минатата година предлогот за законски измени на пратениците од Левица за ограничување на банкарските провизии и надоместоци не помина во Собранието, сега во повторен обид, со пратеници од власта како иницијатори повторно овие измени ќе се најдат во законодавниот дом.

Во изминатите неколку години, од пандемијата, големите банки бележат рекордни профити. Ваквата добивка е резултат најмногу поради зголемените приходи од провизии и надоместоци, кои се сѐ поголеми од година во година.

Левица останува до крај во борбата за законско решение со кое ќе се намалат и ограничат провизиите и надоместоците, со што овие навидум „безначајните“ трошоци, ќе останат во буџетот на граѓаните. Апелираме и останатите парламентарни партии да го поддржат овој предлог на Левица и за прв пат да застанат во одбрана на интересите на обичните граѓани, а не да бидат во служба на лихварската елита и нивниот капитал, велат од Левица.

Предлог-закон за платни системи, што го поднесоа пратениците на Либерално-демократксата партија, Левицата и на ДОМ се разгледува во рамки на 120-тата седница во Собранието.

Граѓаните кои секојдневно ги користат услугите на банките, сведоци се на високите трошоци и провизии како на пример за одобрување кредити, одржување на сметки, провизиите за проверка на трансакциска сметка, па дури и повлекувањето пари од друга банка, доколку е различна од банката депонент на граѓаните, посочуваат од ЛДП.

Од партијата велат дека овој предлог закон предвидува значително намалување или укинување на банкарските трошоци и провизии. На тој начин се намалуваат и месечните издатоци на граѓаните со што се чекори поблиску кон поправедна финансиска иднина за сите.

– Секој од нас како пратеник е свесен дека иако овие прашања се дел од интерната политика на банките, сепак потребно е законска регулираност бидејќи станува збор за остварување на огромен профит. Кога ќе ги погледнеме неверојатните профитни маржи во банкарскиот сектор, што беше особено очигледно за време на ковид пандемијата, јасно е дека овие институции тоа го прават и на товар на граѓаните. Со предложениот закон не се обезбедува само финансиска праведност, туку и поправедно и урамнотежено општество во целост. Во нашиот стремеж за правична финансиска иднина за сите граѓани, ги повикуваме и останатите пратеници и партии да ја дадат својата поддршка на овој предлог-закон, порачуваат од ЛДП.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Опра Винфри фотографирана во јавност ги изненади фановите со витата фигура

Опра Винфри беше снимена во Њујорк кога пристигна на...

ДЕЈВ ГРОЛ ПРИЗНА ДЕКА ДОБИЛ ВОНБРАЧНА ЌЕРКА, ПОБАРА ПРОСТУВАЊЕ ОД СЕМЕЈСТВОТО

Фронтменот на „Фу Фајтерс“ Дејв Грол ги шокираше фановите...

Хали Бери проговори за љубовта: Се заљубив уште пред да имаме врска

Актерката Хали Бери даде интервју за „Мари Клер“, каде...

„Тој беше тој што сакав да бидам“: Дензел Вашингтон му оддаде почит на Џејмс Ерл Џонс

Дензел Вашингтон му оддава почит на починатиот актер Џејмс...