Куќата на славните на рокенролот ги објави имињата на новопримените

Date:

Кејт Буш и Џорџ Мајкл се меѓу уметниците што на годинешната церемонија ќе бидат примени во Куќата на славните на рокенролот, пренесува британски Би-би-си.

На ѕвездите во почесната листа ќе им се придружат иконата на кантри-музиката Вили Нелсон и кантавторката Шерил Кроу.

Уметниците имаат право да влезат во Куќата 25 години по нивниот прв сингл, а рап-иноваторката Миси Елиот направи успех во првата година од подобноста.

Кејт Буш беше номинирана три пати претходно – во 2018, 2021 и во 2022 година.

Иако нема издадено нова музика од 2011 година, таа забележа оживување на популарноста благодарение на својот стар хит Running Up That Hill во популарната драма Stranger Things.

Како што пренесува Си-ен-ен, класата за 2023 година ги вклучува Кејт Буш, Шерил Кроу, Миси Елиот, Џорџ Мајкл, Вили Нелсон, „Рејџ агенст машин“ и „Спинерс“ (како изведувачи).

Диџеј Кул Херц и Линк Вреј ќе бидат добитници на наградата за музичко влијание, а Чака Кан, Ал Купер и Берни Таупин се избрани за наградата за музичка извонредност.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ETHNIC ORGANIZATION OF THE MACEDONIANS IN USA AND CANADA BETWEEN THE TWO WORLD WARS (10)

PART OF THE BOOK “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” BY SLAVÉ...

УНГАРИЈА ЗАПЛЕНИ УКРАИНСКИ КОМБИЊА СО 80 МИЛИОНИ ДОЛАРИ И ЗЛАТО, УКРАИНА ЈА ОБВИНИ ЗА КИДНАПИРАЊЕ

Унгарските даночни власти кажаа дека уапсиле седуммина Украинци и...

ЕСЧП ја прифати жалбата на Апасиев против Џафери за одбиеното барање за референдум за „францускиот предлог“

Политичката партија Левица денеска соопшти дека Европскиот суд за...