Криси Тајген и Џон Леџенд добија четврто дете преку сурогат

Date:

Манекенката Криси Тајген и сопругот музичар Џон Леџенд го дочекаа своето четврто дете.

„Нашите срца и нашиот дом се полни“, напиша Криси по повод убавата вест.

Врен Александар Стивенс е роден на 19 јуни, а Криси веста ја сподели во средата на „Инстаграм“. Новото бебе е четврто дете на парот и прво родено преку сурогат.

Во својата најнова објава на „Инстаграм“ таа вели дека отсекогаш сакала четири деца.

„Откога знам за себе, отсекогаш сум сакала четири деца“, напиша Криси (37) додавајќи дека не била сигурна дали некогаш ќе може повторно да носи дете по доживеаниот спонтан абортус за време на бременоста во 2020 година.

„Откако го изгубив Џек, не мислев дека ќе можам сама да носам повеќе бебиња. Во 2021 година се обративме до агенција за сурогат-мајчинство. Во првата кореспонденција прашуваа дали можеби сакаме 2 тандем-сурогати за секоја да ни донесе здраво момче или девојче.“

Леџенд (44) ја одбележа радосната вест со објавување фотографија од него и нивните деца на „Инстаграм“, а во описот напиша: „Врен Александар Стивенс, нашата нова љубов“.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Игор Стефановски Иџе на пиедестал, Шпанија трка за паметење

Изминатиов викенд Иџе повторно на пиедестал. Трката во Шпанија...

Се товари првата пратка од 49 австралиски тенкови „Абрамс“ за Украина, и покрај приговорите од САД

Австралиските власти започнаа да ги натовараат на брод првите...

Совршени пилешки сувлаки со сос од јогурт и свеж зеленчук

Совршените пилешки сувлаки се лесен, здрав и исклучително вкусен...