Кошаркарите на Црвена Звезда ја преживеаја првата меч топка на Партизан во финалето на АБА лигата, откако вчера славеа на домашен терен со 91-78 и со тоа намалија на 2-1 во серијата.

Натпреварот почна израмнето, а по десет минути игра гостите имаа предност од 19-21. Избраниците на Жељко Обрадовиќ за нијанса беа подобри и во вториот период па на пауза заминаа со позитива од 38-41.

По враќањето на терен „црвено-белите“ заиграа далеку подобро. Третата четвртина заврши во нивна корист па пред последниот период имаа предност од 62-59.

Избраниците на Душко Ивановиќ продолжија со одличната игра и во последниот период па на десет минути до крајот за првпат стигнаа и до двоцифрена предност 77-67. До крајот „црвено-белите“ ја задржаа оваа предност за конечен триумф од 91-78.

Недовиќ со 19 поени беше најпрецизен во таборот на победникот, додека кај поразените Данте Егзум постигна 16 поени.