Корумпирани првите луѓе на Зеленски – поднесени оставки од неколку функционери

Date:

Коруптивен скандал ја тресе украинската влада. Оставки од функциите утринава си пондесоа Заменик-министерот за одбрана Вјачеслав Шаповалов, заменик-шефот на претседателската администрација Кирило Тимошенко и заменик-јавниот обвинител Олексеј Симоненко.

Извештаите за корупција на високите владини функции во Украина се појавија во текот на викендот. Тројцата функционери биле вмешани околу незаконските плаќања и пренапумпани воени договори.

Според истрагата на украинскиот весник ZN.UA  Министерството за одбрана  потпишувало договори за снабдување со храна на војниците на фронтот по „два до три“ пати повеќе од редовната цена. Договорот за кој станува збор изнесува 320 милиони евра за 2023 година.

Украинското Министерство за одбрана ги отфрли наводите како лажни, тврдејќи дека извештаите се „намерна манипулација“. Предупреди дека ќе отвори истрага за „ширење“ на „лажни“ информации, кои „ги наштетуваат интересите на одбраната во посебен период“.

Во меѓувреме, антикорупциската полиција го уапси заменик-министерот за инфраструктура под сомнение дека добил земал 367.000 евра за увозот на агрегати во септември минатата година, тврдење што министерот го негира.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека по скандалот се вршат кадровски промени на високи и пониски нивоа.

Сепак, тоа може да го намали западниот ентузијазам за владата во Киев, која има долга историја на несигурно владеење.

Скандалите, кои предизвикаа шокови низ Украина, доаѓаат додека европските земји се расправаат околу давање на Киев тенкови Леопард 2 од германско производство – најновите тенкови на армиите низ Европа.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

PART OF THE TRUTH ABOUT MACEDONIA IN THE BOOK “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” PART I (1)

Throughout history, numerous authors have served many lies and...

ОСТАНУВАЊЕТО НА ОРБАН НА ВЛАСТ Е ВО ИНТЕРЕС НА САД, КАЖА РУБИО ВО БУДИМПЕШТА

Доналд Трамп е посветен на успехот на Виктор Орбан...

Над 200 евакуирани по поплавите, ДЗС интервенира во повеќе региони

По обилните врнежи што зафатија повеќе делови од државата,...

ЕУ не ги одби камионџиите, засега нема блокади на границите се бара итно преодно решение!

Европската унија не ги отфрли барањата на камионџиите. Стратегија...