Популарната манекенка Емили Ратајковски и нејзиното ново момче Ерик Андре јавно ја официјализираа својата врска на Инстаграм, со фотографија на која позираат голи на Денот на вљубените.
Откако комичарот и познатата манекенка беа видени заедно на кошаркарски натпревар во Медисон Сквер Гарден, беа фатени како се бакнуваат на одмор на Кајманските острови, а потоа и објавија заедничка фотографија, обожавателите на Ратајковски сакаат да знаат повеќе за нејзиното ново момче.
Ерик Андре е познато име во забавната индустрија бидејќи не е само комичар, туку и актер, продуцент, телевизиски водител и писател.
Ерик е роден на 4 април 1983 година во Бока Ратон на Флорида. 39-годишниот актер го посетувал колеџот Беркли, каде свирел контрабас и дипломирал музика во 2005 година, пишува „National Today“.
Тој ја започнал својата кариера како стенд-ап комичар во 2003 година.
Според разни извори, Ерик признава дека отсекогаш бил „блесав кловн“ и дека тој откачен шарм го прави толку популарен помеѓу обожавателите и во индустријата.
Ерик можеме да го видиме во сериите „2 Broke Girls“ во улога на Дик и во „Man Seeking Woman“ каде 3 сезони го глумеше Мајк, како и во филмовите „Bad Trip“, „The Internship“, „Flock of Dudes“ и други.