Контроверзниот тенисер Ник Кирјос има 28 години, но вели дека се чувствува како да има 57, а причина за тоа е неговата желба да оди на забави и да пие алкохол.
Кирјос вели дека не планира да игра тенис на 33 години, односно нема да го следи патот на Роџер Федерер, Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и другите тенисери.
„Нашиот распоред на турнири е ненормален. Се чувствувам како да имам 57 години. Имам 28, но сакам да одам на забави и да пијам алкохол“, вели Кирјос.