Ким Кардашјан е новата сопственичка на накит што го носеше принцезата Дијана

Date:

По нејзиното појавување на „Мет-гала 2022“ во фустан на Мерилин Монро, Ким Кардашјан изрази благодарност за уште едно парче од модната историја: приврзок што некогаш го носеше принцезата Дијана.

Американската реална ѕвезда го купи крстот „Аталах“, уникатно парче накит од аметист, кој принцезата Дијана го носеше во посебни пригоди.

Приврзокот во облик на крст има големи камења од аметист, врамени со дијаманти од 5,2 карати.

Накитот беше ставен на продажба во „Сотби“ во Лондон во рамките на аукцијата на кралска благородна колекција (Sotheby’s London Royal and Noble) во средата.

Кардашјан го купи приврзокот за 197.453 долари победувајќи уште тројца други наддавачи во последните пет минути од продажбата. Според „Сотби“, сумата била повеќе од двојно поголема од неговата проценета вредност пред аукцијата.

Како и чантата „лејди диор“ што ја овековечи, принцезата Дијана го претвори крстот „Аталах“ во култно модно парче кога го носеше на гала за поддршка на Birthright, добротворна организација, која се залага за човековите права за време на бременоста и породувањето во октомври 1987 година.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Џамбалаја

Состојки:1 парче пилешки гради150 гр. сушени колбаси200 гр. ракчиња2...

Левица поднесе Декларација за признавање на Палестина во македонското Собрание

„Пратеничката група на Левица денес ја поднесе декларацијата за...

Гајдов: Без правна држава нема да мрднеме чекор напред

Фон Бизмарк вели кој го владее Вардар тој е...

Македонија никако да ја исфрли пластиката

Пластични лажички, чаши, вода во пластични шишиња мали шеќерчиња....