Во родниот Охрид во присуство на тесниот круг од семејството беше погребана инфлуенсерка Маја Јанеска позната како „Маја Миа“ која живееше во Танзанија и под контроверзни околности беше застрелена пред точно два месеци.

Посмртните остатоци на Маја Јаневска пред 20 дена пристигнаа во Охрид од Танзанија. Маја Јаневска е погребана на Градските гробишта во Охрид во присуство само на нејзиното семејство, објави „Охридски“.

Јаневска, која требаше да биде почесен конзул на РМ во Танзанија, беше застрелана во нејзиниот дом во Танзанија од страна на нејзиниот сопруг, кој потоа беше уапсен.

Пиштолот со кој е нанесена прострелна рана во главата на македонската инфлуенсерка бил во сопственост на нејзиниотт партнер, тајкунот со цигари Кајл Филипс.

 

Министерството за надворешни работи преку надлежната Амбасадата во Каиро го организираше пренесувањето на посмртните останки во Македонија.